За нас / Профил на компанијата

Профил на компанијата

MultihemМултихем е компанија со средна големина, формирана во 2002 година, лоцирана во Струмица, Македонија. Уште на почетокот компанијата е целосно специјализирана за производство на течни детергенти за чистење како Приватни Марки (Private Label-Прајвет Лејбл) на клиенти повеќето базирани во поранешниот Југословенски регион. Компанијата продолжува со проширување на францускиот, рускиот, исландскиот пазар. Клиентите се ланци на супермаркети и дистрибутерски копании.

Мултихем е опремен со специјализиран производствен капацитет, со модерна опрема, лабораторија и складишен простор со капацитет за производство на различни производи и пакувања. Ефикасниот производствен капацитет комбиниран со значително ниски цени на локални ресурси и работна рака отколку во странските пазари, ни овозможува до продаваме по конкурентни цени. Преку годините компанијата покажа раст во обем, продажба и стабилна финансиска позиција.

Уште од првиот ден на оперирање, Мултихем цели кон производство на високо квалитетни производи и нуди високо квалитетни услуги на своите клиени. Поради нашите квалитетни производи, флексибилност, веродостојност, чесност, почит кон околината, успеавме да ја добиеме довербата на повеќе значајни компании-клиенти.

Како еден од успесите на компанијата би го навеле и тоа дека Мултихем прерасна во инклузивна компанија-Заштитно друштво, која работи со лица со инвалидитет, рамноправни и еднакви со сите останати вработени, кои заедно придонесуваат во растот и развојот на компанијата. Со тоа сакаме да придонесеме во подигањето на јавната свест за потребите на лицата со инвалидитет и намалување на сите бариери за лицата со инвалидност.

Компанијата применува систем на унапредување со квалитетот базиран на ISO стандардите. Мултихем е ISO 9001сертифициран. Може да се пофалиме и со IFS-HPC имплементација.

Вредности
  • Бескомпромисен фокус кон квалитет;
  • Достоен партнер на нашите клиенти во одговарање на сите нивни потреби;
  • Претприемачки дух со иновативен квалитет;
  • Вработени горди на својот труд и компанија;
  • Грижа за околината во која работиме.
Клучни предности
  • Фокус кон квалитетно производство и услуга кон клиентот. Применуваме систем на управување со квалитетот базиран на ISO стандардите. Ние сме ISO 9001 сертифицирани.
  • We have the capability and in-house facility of evaluating and developing product formulations. Our formulation technologists work in close co-operation with our raw material suppliers.
  • Имаме внатрешен капацитет за евалуација и развивање на производни формулации. Нашите хемичари работат имаат блиска соработка со добавувачите на суровини и хемикалии.
  • Способни сме за подршка и советување на нашите клиенти во производни формулации, избор на парфем, вид на пакуавње и дизајн на етикета (соработуваме со талентирани и искусни дизајнери). Заедно со клиентот креираме уникатен и силен производен концепт.
Мисија

Нашата мисија во Мултихем е да креираме високо квалитетни производи, кои ќе ја освојат довербата на нашите клиенти и целосно ќе го задоволат потребите и очекувањата на потрошувачите

Визија

Нашата визија во Мултихем е да прераснеме во една од врвните средни компании за производство на детергенти под Приватни Марки.