За нас / Политика на кавлитет

Политика на кавлитет

MultihemНие, персоналот во Мултихем секогаш ви стоиме на располагање. Постојано нудиме помош и подршка, пред и по креирањето на производите. Веруваме дека само со квалитетни производи, креативна работа и веродостојност, можеме да ја добиеме довербата на клиентите.

Уште од нашето формирање, квалитетот е наш број еден приоритет. Со цел да ги постигнеме поставените цели се прилагодуваме спрема потребите на нашите клиенти, го следиме техничкиот и културен развој, применуваме различни формули и методи. Нашите производни операции се ISO сертифицирани.

Како дел од Мултихем функционира нашиот развоен оддел, кој ги следи и имплементира најновит формулации во производството и како резултат на постојаното истражување на овој тим, применуваме сопствени формули во производството на различни производи.

Тимот од хемичари кој работи во лабораторија за контрола на квалитет како дел од Мултихем, е нашиот број еден креатор на врвни квалитетни производи. Нивна главна цел е строга контрола на квалитет и имплементирање на ISO стандарди.

Производниот процес во Мултихем се одвива во целосно опремена фабрика со автоматизиран процес на полнење и пакување распространет на површина од 2000 m2. Производството се базира на целосен процес од креирање на производот од базни суровини до целосен производ во модерно пакуавње.

Во склоп на Мултихем работи и функционира„МУЛТИХЕМ-АМБАЛАЖА“ оддел за производство на PET амбалажа. Оваа овозможува нашите клиенти да ја изберат формата на производната амбалажа. Откако ќе се избере, Мултихем креира матрица само за таа амбалажа (шише), кое ќе биде уникатно само за овој клиент.